Поврзете се со нас

Европски првенства

Младата репрезентација поразена од Србија со 2:1 (Видео)

Објавено

на

Репрезентацијата на Македонија до 21 година претрпе пораз на гостувањето кај селекцијата на Србија со 2:1.

Избраниците на Драган Канатларовски одиграа натпревар за заборав и само одличната партија на голманот Денковски спречи повисока победа на српските фудбалери.

На стадионот на Вождовац, домашниот тим поведе уште во 9. минута кога Милош Пантовиќ го отвори резултатот и погоди за 1:0.

Потоа немаше голови до самиот финиш на натпреварот, а во меѓувреме се истакна Денковски кој во неколку наврати спречи голови на домашната селекција.

На 2:0 зголеми Јовиќ во 81. минута, а веќе во следниот напад Македонија се врати со голот на Бојан Димовски. За жал, тоа беше се од нашата репрезентација која сега падна на 4. позиција во однос на Србија која напредуваше и се искачи на 3. место на табелата.

Треба да се следи состојбата со Украина, доколку младата селекција на Украинците се откаже, голема е веројатноста во бараж средбата за пласман на Европското првенство да игра третопласираниот тим.

Во следното коло, Македонија веќе за пет дена ќе биде домаќин на Фарските Острови во натпревар во кој сме големи фаворити.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни