Младата ѕвезда на Реал: Не ми се допаѓа…

Kubo

Реал Мадрид во последно време се повеќе ангажира млади квалитетни играчи кои во иднина треба да бидат движечка сила.

Еден од тие големи таленти е Јапонецот, Такефуса Кубо кој веќе дебитираше за „кралевите“ во пријателскиот меч против Баерн Минхен. Кубо го споредуваат со Меси, но тоа на офанзивецот не му се допаѓа, односно смета дека во моментов премногу е свртена јавноста кон него пред се мислејќи на онаа во неговата земја.

-Знам што се случува во мојата земја. Луѓето малку се… Ми се посветува премногу внимание, тоа не ми се допаѓа. Јас мислам на теренот, -порача Кубо кој е сречен поради своето деби.

-Многу сум среќен поради моето деби со Реал Мадрид, иако загубивме и иако секогаш мразам да губам. Мојот план е да му помогнам на клубот колку што можам, -порача  Јапонецот.

Facebook Коментари