Младата ѕвезда на Реал го привлече вниманието со бесно Ламборгини кое менува бои (Видео)

real-igraci-lope

Реал Мадрид вчера и официјално ги „запали моторите“ под водство на новиот тренер Хулен Лопетеги, а ако вчера се мина во знакот на медицинските тестови и запознавање со новиот стручњак, денеска играчите кои се на располагање го одработија првиот посериозен тренинг.

Сепак, наспроти случувањата на тревникот на Валдебебас, големо внимание на домашните новинари им привлече и младата ѕвезда Тео Ернандез кој успеа да го украде шоуто уште пред да се појави на тренингот.

Причина за тоа е фактот што 20-годишниот лев бек пристигна во тренинг центарот во бесно Ламборгини кое менува бои, а со самото тоа експресно се најде во прв план и меѓу фановите кои чекаа потписи и меѓу новинарите.

Facebook Коментари