Поврзете се со нас

Свет

Младата ѕвезда на Баерн вчера постави англиски рекорд, денеска избра да игра за Германија!

Објавено

на

blank

Џамал Мусиала вчера се запиша во листата на стрелците на „Олимпико“ во Рим и со 17 години и 363 дена стана најмладиот англиски голгетер во историјата на Лигата на шампионите, а само неколку часа по овој рекорд, тој донесе една одлука која ја разочара цела јавност на Островот.

Суперталентираниот играч на Баерн Минхен ја претставуваше Англија како своја земја во која ја започна кариерата во младинските категории, но сепак сега донесе одлука и ја избра земјата во која е роден.

Мусиала процени дека најдобро за него ќе биде да настапува за Германија и ја избра поканата од Јоаким Лев пред онаа од Герет Саутгејт, а даде и објаснување за ваквата своја одлука.

– Размислував на оваа тема веќе подолго време. Се прашував што е најдобро за мојата иднина, каде ќе имам повеќе шанси за игра и докажување? На крајот, го послушав моето срце, ги послушав моите чувствува кои се провлекуваат подолго време и сметам дека е правилна одлука да настапувам за Германија, земјата во која сум роден.

– Сепак, ова не беше лесна одлука за мене. Англија исто така е мојот дом, тешко е да опишам какво значење има Англија за мене, бидејќи од таму имам неверојатни спомени, – изјави Мусиала за „Атлетик“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни