Поврзете се со нас

Боречки спортови

Млада мексиканска боксерка почина во болница по потресните сцени во рингот (Видео)

Објавено

на

Мексиканската боксерка Јанет Закаријас починала во болницата во Монтреал по пет денови битка кои ги минала во кома, вест која денеска ја соопшти промоторот на борбата која се покажа како кобна за нејзиниот живот.

Младата 18-годишна Мексиканка во саботата загубила во дуелот со Марие Пјер Хол во Канада, но иако борбата ја завршила на свои нозе по ударите кои ги добила во четвртата рунда, неколку секунди подоцна, ја загубила свеста и почнала да се тресе во рингот.

Лекарите брзо интервенирале и ја однеле во најблиската болница во Монтреал, но после пет дена минати во кома, подлегнала на тешките повреди на главата кои предизвикале внатрешно крварење.

– Со огромно жалење сакаме да пренесеме дека од близок член од семејството, дознавме дека Јанет Закаријас починала ова попладне во Канада во 15:45 часот. Сите сме потресени и ужаснати од овој болен инцидент и болна објава, – гласи објавата на промоторот на последната борба на Закаријас.

Јанет била на почетокот на својата професионална боксерска кариера, а борбата во Канада била прва за неа надвор од нејзината земја, во која сега ќе биде вратена со специјални процедури поради шокантните сцени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни