Германија
Млада ѕвезда на Борусија одби повик од репрезентацијата, Германците шокирани

По заминуваето на Џуд Белингем, очекувањата беа Карим Адејеми посебно да дојде до израз и да се претвори во нов лидер на Борусија Дортмунд, но наместо тоа, младата ѕвезда се почесто се истакнува со потези кои не се баш атрактивни надвор од теренот.
Германските медиуми веќе некое време го критикуваа Адејеми за неговата форма, но сега добија шанса да му се нафрлат и за потегот кој навистина не е популарен и го разултил и Јулијан Нагелсман.
Адејеми не е во потесниот избор за селектирање кај селекторот на најсилната репрезентација, но затоа добил повик од У-21 репрезентацијата, кој самостојно решил да го одбие.
Младата ѕвезда на Борусија е во очајна форма и не постигна ниту еден гол на 13 одиграни натпревари, па затоа неговиот однос е протолкуван како големо непочитување кон репрезентацијата, што на некој начин предизвика и своевидна бура во јавноста.
„Билд“ открива дека Нагелсман е фрустриран од непрофесионалниот однос на Адејеми, па се верува дека одбивањето на младинската репрезентација сигурно нема да му донесе поени за во иднина кога би требало да конкурира за најсилниот тим.
Образложението на Адејеми било дека во моментов сака да се фокусира само на настапите за Борусија во обидот да се врати во форма, но за Германците репрезентацијата секогаш е на прво место и затоа пристигнаа жестоки реакции од медиумите.
-
Англијапред 19 часа
Кин почнува да се сомнева во Сити: Има причина зошто…
-
Англијапред 21 час
Невил искрено за Јунајтед: Ова е тажна позиција, се изморив од сопствениот клуб…
-
Англијапред 6 часа
Ширер: Јунајтед има голем проблем во соблекувалната, четворица играчи се откажаа од борба
-
Светпред 22 часа
Емотивен крај: Суарез постигна гол на последниот натпревар за Гремио и го прослави во стилот на Меси (Видео)
-
Англијапред 4 часа
Матиќ ги обелодени двете ѕвезди на Јунајтед кои редовно доцнеле на тренинзите: Останатите бевме бесни
-
Англијапред 24 часа
Конкуренција за Гарначо: Тривела-магија во Англија се издвојува како сериозен кандидат за „Пушкаш“ наградата (Видео)
-
Италијапред 17 часа
Поранешен италијански судија го закачи Мурињо: Голем тренер не ги прави овие работи, ова мора веднаш да престане
-
Светпред 5 часа
Родригез ги одбил Сити и ПСЖ: Флорентино ми постави едно прашање пред да потпишам за Реал