Поврзете се со нас

Лига на нации

Млад „натрапник“ го изигра обезбедувањето на националната арена и направи селфи на теренот со Елмас (Видео)

Објавено

на

Македонските фудбалери се прикажаа во многу подобро светло од она пред три дена против Грузија, па четирите постигнати гола во првите 30 минути направија да гледаме мирен крај на средбата со Гибралтар.

Во едно такво затишје, еден млад натрапник од трибините се погрижи за возбуда на трибините на „Тодор Проески“, бидејќи со своите брзи реакции успеа да го изигра обезбедувањето на стадионот и да дојде до својата главна мета.

Младиот фудбалски фан ризикуваше и успеа да дојде до својот миленик, а Елиф Елмас постапи крајно џентлменски и побара од обезбедувањето да му дозволат да направи селфи.

Навивачот си ја заврши својата мисија со слика од фудбалерот на Наполи, па со насмевка на лицето беше изнесен од теренот на националната арена.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни