Поврзете се со нас

АТП

Млад Германец ја режираше најлудата прослава во историјата на тенисот: Нацрта крст на теренот и легна врз него (Видео)

Објавено

на

Оваа седмица во прв план се случувањата на Мастер турнирот од серијата 500 кој се игра во Барселона, но истовремено се играат натпревари и во Минхен, турнир кој е од серијата АТП 250.

Во текот на денешниот ден, Шаповалов добил нов ривал поради откажувањето на Гаел Монфис, меѓутоа судбината посакала и Канаѓанецот да не биде во можност да го доигра цел меч.

Откако го загубил првиот сет во тајбрејкот, Шаповалов стекнал и негатива од 3:0 во вториот сет, па решил да му предаде на Диего Дедура Паломеро, 17-годишниот тинејџер од Германија.

Младиот Диего не го криел задоволството што успеал да победи против тенисер кој е далеку подобро рангиран од него, но за време на прославата, режирал сцена која остави во неверица голем број тениски фанови.

Според голем дел од нив, Германецот ја изведе најлудата и најчудна прослава во поновата историја на „белиот спорт“, бидејќи откако го победил повредениот Шаповалов, решил да нацрта крст на земјата и да легне врз него……..

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни