Поврзете се со нас

Македонија

МКК Куманово фуриозно до петта победа во низа во Првата лига

Објавено

на

foto: kfsm.mk

Тимот на МКК Куманово лесно го совлада Вардар (95:67) во средбата од 11. коло во Првата лига.

Избраниците на Докузовски се во одлична форма во оваа фаза на сезоната и потврда за тоа е фактот дека ова беше петто славје во низа во домашниот шампионат.

Домаќините во првиот дел постигнаа 52 поени, се стекнаа со предност од 25 разлика со што стана јасно каде ќе завршат двата бода.

Второто полувреме беше чиста рутина, па на крајот најдобри беа Радукиќ и Луковиќ со 26 и 25 поени. Стандарно кај „црвено-црните“ прв стрелец беше Бајрам со 14 кошеви.

Standings provided by Sofascore
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни