Поврзете се со нас

Балкан

Митровски со гол го „стресе“ раштиманиот Хајдук, Гатузо избегна нов шок во второто полувреме (Видео)

Објавено

на

Foto:facebook.com/nogometni.klub.varazdin

Хајдук доживеа многу турбуленции во краток временски интервал и покрај тоа што е сам старт на новата сезона, бидејќи клубот беше приморан да ја брка најголемата ѕвезда (Иван Перишиќ), но и да доживеа срам од Ружомберок во квалификациите на Конференциската лига.

Кога на сето тоа ќе се надоврзе и киксот против Локомотива пред една недела, повеќе од јасно е дека избраниците на Џенаро Гатузо влегоа со голем притисок на денешнит меч со Вардаждин, кој исто така тргна многу лошо за великанот од Сплит.

Македонскиот интернационалец Димитар Митровски го стресе Хајдук во 8-та минута и погоди за водство на Вараждин на „Полјдуд“, каде фановите повторно мораа да доживеат фрустрации пред да дочекаат подобро издание од нивните миленици.

Овојпат избраниците на Гатузо успеаја да реагираат навреме и постигнаа два гола за пресврт во вториот дел, што сигурно ќе му обезбеди и неколку помирни дена на Италијанецот.

Кровиниќ со удар од дистанца израмни на 1:1 и го врати фаворитот во игра, а Ливаја беше тој кој се погрижи за целосен пресврт и победа во 74-та минута.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни