Поврзете се со нас

Балкан

Митровски го постигна четвртиот гол во дресот на Вараждин (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:www.facebook.com/nogometni.klub.varazdin

Македонскиот интернационалец, Димитар Митровски го постигна четвртиот сезонски гол во дресот на Вараждин во првата лига на Хрватска.

Офанзивецот се запиша во листата на стрелци во пресметката со Истра која заврши со резултат 2-2 иако домаќините водеа со 2-0. Митровски беше автор на првиот гол на дуелот во 16 минута кога одлично реагираше по топката која ја испрати Шего.

Вараждин со 27 бода се наоѓа на 7. место на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни