Поврзете се со нас

Англија

Митровиќ се извлече без картон на дуелот со Лидс, но денеска доби заслужена суспензија (Видео)

Објавено

на

Српскиот репрезентативец Александар Митровиќ стартуваше неспортски за време на дуелот меѓу Лидс и Фулам, но првично се извлече без казна.

Напаѓачот на Фулам без топка и со намера удри со лакт соиграч на нашиот Алиоски, но судиите не го забележаа потегот кој дефинитивно требаше да му донесе црвен картон.

Лидс го доби дуелот со убедлива победа во рамките на англискиот Чемпионшип и се зацврсти на првото место на табелата, а денеска стигна вест дека Митровиќ сепак ќе си ја добие заслужената казна.

Фулам потврди дека српскиот интернационалец нема да може да настапува на следните три натпревари, што секако е проблем за лондонскиот состав кој се бори за што подобра позиција во плејофот.

Митровиќ кој сезонава постигна 23 голови ќе ги пропушти натпреварите против КПР, Бирмингем и Нотингем.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни