Поврзете се со нас

Свет

Митровиќ режираше неверојатна волеј-бравура и го доби спектакуларното дерби со Бензема (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Alhilal_EN

Во лудата и френетична завршница на летниот преоден рок во Европа, се одигра и еден голем дерби меч во Саудиска Арабија, кој понуди вистински спектакл за фудбалските фанови.

Ал Итихад и Ал Хилал одиграа спектакуларно дерби во најсилната саудиска фудбалска лига, а човек на вечерта беше големото засилување од Премиер лигата, Александар Митровиќ.

Ал Итихад прв го зададе ударот и поведе со голот на Ромарињо, но потоа на сцена стапи Митро-гол кој реализираше неверојатен волеј-погодок, а потоа комплетираше и хет-трик.

Србинот зафати една топка од десната страна и реагираше како расен голгетер, па иако Карим Бензема одговори со гол со пета за 2:1, на крајот Србинот беше тој кој се радуваше на победа.

Митро постигна уште два гола во победата од 3:4, Ал Давсари го постигна клучниот погодок, а за Ал Итихад стрелаше уште Хамдалах.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни