Поврзете се со нас

Светски првенства

Митровиќ обезбеди важна победа за Србија, Кипар ја изненади Словенија (Видео)

Објавено

на

Александар Митровиќ повторно беше клучен играч за српската фудбалска репрезентација, која денеска оствари важна победа на гостувањето во Азербејџан (1:2).

Избраниците на Драган Стојковиќ-Пикси ја продолжија позитивната серија во квалификациите, а Митровиќ постигна два гола, исто како и на средбата со Република Ирска, или дојде до бројка од пет погодоци на трите средби.

Напаѓачот на Фулам донесе предност за гостите во 16. минута, но Азербејџан се врати во игра реализирајќи пенал во 59. минута преку Макмудов.

Гостите се мачеа да дојдат до втор погодок, па кога немаше конкретна идеја, на сцена стапи Митровиќ кој успеа и вторпат да го совлада голманот на домашната селекција, поставувајќи ги конечните 1:2.

Србија по три рунди има седум бодови и е на врвот во својата група, во која Португалија има три помалку, но ќе игра средба против Луксембург.

Изненадување се случи во Никозија, каде Кипар ја оствари првата победа во квалификациите, победувајќи ја Словенија со 1:0. Словенците ги отворија квалификациите со голема победа над Хрватска, но во меѓувреме загубија од Русија и Кипар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни