Поврзете се со нас

Свет

Митровиќ и Милинковиќ-Савиќ го потопија Ал Наср на Роналдо (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/elchiringuitotv

Екипата на Ал Хилал издвојува убедлива победа над Ал Наср од 3-0 во дерби средбата од 15. коло во Саудиска Арабија.

Ова беше дуел на двете најдобри состави во досегашниот дел од шампионатот, пресметка на две екипи кои во своите редови имаат многу познати имиња, асови кои оставија трага на голема фудбалска сцена.

Домашниот тим се избори за голем триумф со кој дополнително ја зголеми предноста на табелата, поточно сега има плус седум во однос на најблискиот конкурент.

Во главна улога беа српскиот репрезентативци Сергеј Милинковиќ-Савиќ и Александар Митровиќ, првиот даде гол и запиша асистенција, а вториот беше автор на два погодоци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни