Поврзете се со нас

Светски првенства

Митровиќ го замолкна Лисабон со гол во 90. минута и ја одведе Србија на СП (Видео)

Објавено

на

Србија приреди комплетен шок на „Луж“ и ја замолкна илјадната публика во Лисабон, откако успеа да ги расплака домаќините со голот на Александар Митровиќ во 90-та минута.

„Орлите“ предводени од Стојковиќ го нокаутираа фаворитот на негов терен и во директен дуел за првото место победија среде Лисабон, и тоа на најдраматичен можен начин.

Србите примија ран гол уште во втората минута и се чинеше дека имаат тешка планина за искачување, но на крајот направија сензационален пресврт.

Душан Тадиќ израмни пред крајот на првиот дел, а во возбудливата завршница, тој одново беше клучен со асистенција и направи похрабриот противник да биде награден за доминацијата и диктирањето на играта.

Ѕвездата на Ајакс нафрли и го погоди Митровиќ во шеснаесетникот, по што напаѓачот на Фулам не погреши и ги замолкна португалските фанови на „Луж“ со извонредна завршница со глава.

Со победата од 1:2, Србија директно се пласираше на мундијалот во Катар, додека Португалија ќе биде еден од потенцијалните противници на Македонија во баражот. Во ова друштво ќе биде и Шведска која вечерва загуби од Шпанија, која пак со победата од 1:0 си завери уште едно учество на мундијал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни