Митревски вистински херој во Ескишехир, Македонија оствари тешка победа над Турција

mitrevski=spain

Македонската ракометна репрезентација со победата над Турција успеа да го завери пласманот на Европското првенство кое ќе се игра на почетокот на 2020 година, а сега на последниот меч против Грција во групната фаза ќе треба да го осигура првото место.

Избраниците на Брестовац имаа исклучително тешка задача вечерва во Ескишехир бидејќи беа далеку од нивото кое го прикажаа на двата меча со Исланд, па така на крајот во вистински херој и спасител се покажа Никола Митревски кој имаше фасцинантен крај на натпреварот, со вклучена маестрална одбрана во последниот напад за израмнување на домаќините. Македонија беше во негатива во најголем дел од мечот, имавме два гола заостанување на полувремето (13:11), а се до 54-та минута бевме во подредена улога. Сепак, искуството на нашите играчи на вакви натпревари се покажа како пресудно во последните 10 минути, па така „црвено-жолтите“ предводени од расположениот Митревски се изборија за пресврт и тесна и тешка победа од 25:26.

Капитенот Кире Лазаров со седум гола беше најефикасен во нашите редови, го следеше Филип Талески со пет гола, додека на спротивната страна најопасен беше Пеливан со 10 погодоци.

 

Facebook Коментари