Поврзете се со нас

Свет

Митревски успешно си ја одработи својата задача, Порто победнички ја стартуваше сезоната

Објавено

на

Екипата на Порто имаше успешен старт на новата сезона во првата лига на Португалија, сезона во која има задача да ја одбрани титулата.

Порто на домашен терен славеше над Хорта со 38-25 и тоа во меч во кој фуриозно го одработи првото полувреме (22-10) за да потоа само рутински го комплетира овој прв предизвик.

Нашиот репрезентативец Никола Митревски имша успешен настап и имаше 41 процент на одбранети удари. Тој имаше седум одбрани од 17 удари, додека пак неговиот соиграч Франдсен запиша шест одбрани.

Прв стрелец беше Фернандеш со осум голови без ниту едно промашување.

Порто во наредното коло му гостува на Повоа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни