Поврзете се со нас

Репрезентација

Митревски: Успеавме да дадеме многу голови против Црна Гора, тоа е селекција која…

Објавено

на

Македонската ракометна репрезентација е на кратка пауза, одмор по обврските на Стара Пазова каде одигравме и пријателски натпревар против селекцијата на Црна Гора, средба која се играше во поинаков формат со три полувремиња и во која ние успеавме да славиме со 54-51.

Македонија ја победи Црна Гора во мечот со три полувремиња

Ракометарите ќе им се вратат на обврските, тренинзите на втори јануари, но претходно капитенот Никола Митревски даде свое мислење за досегашниот дел од подготовките и секако првиот контролен меч со Црногорците.

-Овие осум-девет дена беа малку понапорни, се работеше на физичка и тактичка подготовка. Тренинзите беа напорни, сите го дававме својот максимум, бевме уморни, но најважно атмосферата беше на високо ниво, имаше простор и за дружење, заеднички игри и малку релаксација.

-После двата тренинг натпревари помеѓу нас, одигравме натпревар против Црна Гора, резултатот беше во втор план, ние се прикажавме во добро светло, игравме сите. Иако бевме малку уморни, успеавме да им дадеме многу голови, да трчаме, да постигнуваме голови од транзиција и да победиме една репрезентација како што е Црна Гора. Иако беше без двајца-тројца играчи, сепак има многу други ракометари кои играат во најдобрите лиги и имаат големо интернационално искуство, -истакна голманот на Порто.
https://derbi.mk/lazarov-momcite-bea-odlichni-go-sprovedovme-ona-shto-go-rabotevme-na-podgotovkite/

Македонија се наоѓа во групата на А на Европското првенство или поточно тоа значи дека ќе имаме средби со големите Франција и Германија за да на крајот ги одмериме силите и со Швајцарија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни