Поврзете се со нас

Репрезентација

Митревски: Со поддршка на навивачите очекувам добри резултати на СП

Објавено

на

Македонија ја очекува настап на Светското првенство во Хрватска, Данска и Норвешка, настан на кој нашата селекција во првата фаза ќе игра во Вараждин каде за ривали ќе ги има Гвинеја, Холандија и Унгарија.

До почетокот на мундијалот има уште време, односно има простор за подготовките кои засега течат во најдобар можен ред.

-Добро работиме, полека се подготвуваме за СП. Очекувам во овие преостанати денови да ги завршиме тие детали кои не недостасуваат и да бидеме спремни за првиот натпревар. Како највозрасен во овој состав се обидувам да им го пренесам искуството на помладите, ќе ни треба реакција во одредени моменти, ќе мора паметно да се одигра, -вели голманот Никола Митревски кој очекува голлема поддршка од навивачите во Вараждин.

-Атмосферата во репрезентацијата е одлична. Имаме добро искуство со настаните во Хрватска, полна сала со наши навивачи, очекувам и сега да биде така со оглед на побарувачката за карти. Со нивна поддршка очекувам добри резултати, -истакна Митревски кој смета дека сите во репрезентацијата се подготвени да го дадат максумумот.

-Имаме доволно време за крајна анализа на противниците. Сите играчи сакаат да играат за репрезентацијата, сакаат да се докажуваат, -заклучи членот на Еурофарм Пелистер.

Првата средба ја играме на 15 јануари против Унгарија во вечерниот термин 20:30 часот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни