Поврзете се со нас

Свет

Митревски со ново фантастично издание во дресот на Порто

Објавено

на

Македонскиот голман, Никола Митревски имаше уште еден одличен настап за Порто во борбата за титулата во Португалија.

Порто дојде до втората победа во плејоф фазата и тоа против Брага каде славеше со 26:24. Огромна улога во овој резултат имаше токму нашиот репрезентативец кој блескаше со 13 интервенции или поточно неговиот учинок на одбранети удари беше дури 50 проценти.

Голема поддршка за Митревски беше Кристенсен кој даде девет погодоци.

Бенфика пак на Филип Талески беше немоќна против Спортинг и загуби со 37:28. Поранешниот член на Вардар и Металург даде еден гол од еден обид.

Во следното коло Порто е домаќин на Спортинг во меч кој мора да го добие, додека Бенфика ќе ја пречека Брага.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни