Поврзете се со нас

Свет

Митревски славеше над Талески во дербито во Португалија

Објавено

на

Фото: www.facebook.com/fcportosports

Порто на Никола Митревски издвојува победа над Бенфика на Филип Талески во дербо пресметката во 7. коло во првата лига на Португалија.

Ривалството меѓу Порто и Бенфика е големо и во ракометот, па секој триумф е посебен, значаен. Шампионот ја искористи предноста на домашниот терен и со 37-33 дојде до шестото сезонско славје.

Првиот дел мина во израмнета игра при што Порто беше подобар за еден гол (18-17). И по паузата имаше доста борба, ама резултат одново беше ист, домаќинот за нијасна подобар со што може слободно да се каже дека заслужено дојде до триумфот од четири разлика.

Оливеира даде 7 гола, по 6 имаа Силва и Салина. Нашиот Митревски не запиша ниту една одбрана и влегуваше само при удари од седум метри.

Талески на другата страна беше автор на два гола од три обиди.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни