Поврзете се со нас

Светски првенства

Митревски: Скандинавците се лесни на свирче, тежок судиски критериум за нас

Објавено

на

Специјален известувач за „Дерби“ од Вараждин, Ристе Влахов

Македонија не успеа да оствари позитивен резултат на вториот мундијалски меч или поточно во Вараждин бевме совладани од Холандија со 37:32.

Избраниците на Лазаров максимално се бореа низ сите 60 минути, конечниот резултат на крајот е и превисок во однос на се што се случување на натпреварот на кој против нас беа досудени двоцфрен број на седмерци, а црвени картони заработија и двајца наши играчи

-Не е лесно да се бранат, направивме неколку технички грешки кои со полуконтра и брз центар успеаа да направат разлика во завршницата на првото полувреме и ја задржаа до самиот крај. Не победија пет разлика, но реално беше да загубиме два разлика, но тоа е што е. Имаме натпревар за два дена и треба да се подготвиме за истиот.

-Во првиот меч имавме Швеѓани за судии, сега повторно имавме скандинавци, знаеме дека се лесни на свирка. Имаат критериум кој повеќе им лежи на Холанѓаните. По четврт, петти чекор имаа пенали на седум, седум ипол метра, два-три пати имаа престап…тежок критериум за нас. Ривал како Холандија кој има таква мали брзи играчи, тешко е да се брани. Заврши натпреварот, да не ги коментираме судиите, -истакна голманот Никола Митревски.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни