Поврзете се со нас

Европски првенства

Митревски: Се обидуваме да го искорениме македонскиот менталитет

Објавено

на

Специјален известувач за „Дерби“ од Диселдорф, Ристе Влахов

Никола Митревски со 11 одбрани беше најдобар поединец во македонскиот тим на историскиот меч против Франција во Дизелдорф, но неговото добро издание не беше доволно за попристоен пораз.

Македонија се распадна во финишот од мечот и на крајот загуби со 10 голови разлика (39:29), а Митревски посочи дека иако се работи на искоренувањето на македонскиот менталитет, играчите се уште се мачат да одржат исто темпо во 60 минути.

– Атмосферата беше одлична, првпат игравме на ваков стадион, имавме добар старт и почнавме одлично 15-тина минути. Бевме во егал, до некаде контролиравме што се случува на теренот, а потоа нивната одбрана ја направи разликата. Не натера на грешки, правевме технички грешки кои лесно ги искористија во транзиција, со полуконтра и контра. Преземаа водство и го контролираа мечот до самиот крај.

– Не знам што да кажам после 39 примени гола, тоа е разликата меѓу Франција и Македонија. Тие играат врвни натпрвари среда-сабота, ние немаме такво ниво. Треба да работиме многу за да бидеме блиску до нив. Мислам дека ќе остане малку горчина кај нас. Не поради десет разлика. Да го немавме нашиот менталитет, ќе миневме подобро. Се обидуваме да го искорениме македонскиот менталитет, се обидуваме да играме 60 минути и да не се откажуваме. Повторно не ни успеа, ќе бевме позадоволни ако загубевме со 5-6 разлика.

– Тие не загубија ниту една топка на транзиција, ние грешевме во транзиција и на крајот примавме голови и на празен гол. Тоа се ситници, но важни за конечниот резултат. Тие играат 60 минути, а ние се уште не. Претставата беше добра, но резултатот не. Најголемиот проблем е во загубените топки во нападот, како и нивната добра транзиција, – изјави Митревски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни