Митревски посочи кој е клучот за победа над Австрија

nikolce

За „Дерби“ од Виена,
Ристе Влахов

Макекедонската ракометна репрезентација денеска го игра последниот меч од групната фаза на Европскиот шампионат, а противник ни е домаќинот селекцијата на Австрија.

Австријците по двете кола се со 100 процентен учинок и дефинитивно се опасен противник, меѓутоа во нашиот табор се оптимисти и веруваат дека имаме доволно квалитет, знаење, искуство да ја добиеме оваа битка и го продолжиме настапот на овој шампионат.

-Сите знаеме дека ова е мало финале за нас, да се биде или не. Спремни сме, свесни сме да одиграме против една репрезентација која квалитативно не е подобра од нас. Имаме шанси со победа на денешниот натпревар, ќе го анулираме поразот од Чешка и истиот воопшто нема да биде важен. На нас е да излеземе, да го дадеме максимумот и да се надеваме на победа, -истакна голманот Никола Митревски.

-Одбраната скоро секогаш ги добива ваквите натпревари. Ние сме на ЕП и секоја репрезентација има свои квалитети. Божовиќ и Билик сигурно ќе шутнат 30 пати, но клучни според мене ќе бидат крилата и пивотот, да не се размавнат како на претходниот натпревар како на пример Вебер кој имаше осум од осум. Ако споредните играчи ги затвориме, без разлика колку и да дадат овие двајца, тие постојано шутираат, имаат таква слобода. Ако ги стопираме нивните крила и пикер, можеме да го добиеме натпреварот, -порача Митревски чии одбрани денеска се дефинитивно повеќе од потребни.

Средбата Австрија-Македонија се игра од терминот 18:15 часот.

Facebook Коментари