Поврзете се со нас

Репрезентација

Митревски: Победата над Данска не беше случајна, ќе се обидеме да го повториме истото и во Алборг

Објавено

на

Сениорската ракометна репрезентација на Македонија оствари голем резултат и победа над селекцијата на Данска со што уште еднаш се покажа дека овој национален состав има квалитет, знаење, умешност и може да биде конкурентен против било кој ривал на светот.

Резултатот од Скопје секако донесе големо задоволство меѓу играчите, но секако истиот помогна и да се крене самодовербата пред реваншот во Алборг во недела од 16 часот. Еден од нашите најдобри ракометари беше голманот Никола Митревски кој запиша 13 одбрани, партија со која секако го отвори патот до славјето во „Борис Трајковски“.

-Се собравме и неколку дена пред собирот се подготвувавме за да се обидеме да ја изненадиме Данска. Цел свет знае дека се светски и олимписки шампиони и дека во последните дваесетина години се меѓу неприкосновените ракометни велесили кои ги освојуваат најважните турнири. Знаевме дека ќе биде многу тешко, бевме мотивирани, одигравме беспрекорно.

-Одигравме фантастичен натпревар, сите имавме свој дел и задача која требаше да ја исполниме. Дали индивидуално или по позиции, сите одговоривме на задачите  од Кире и неговите соработници кои скоро перфектно си ја завршија својата работа. Го анализиравме противникот и бевме спремни да одговориме на секој нивни потег во одбрана и во напад, -рече Митревски кој најави голема борба и во Алборг.

-Она што го одигравме вчера ќе се обидеме да го повториме во Алборг. Ако ја задржиме агресивноста од вчерашниот натпревар мислам дека имаме свои шанси да покажеме дека победата не е случајна. Далеку од тоа дека беше случајна, се што правевме, правевме со одредена цел, ниеден потег, реакција не беше залутана. После победа над светски шампион, секако сите се чувствуваме убаво и не летаме во облаци, бидејќи за два дена ни следи нов натпревар против нив на кој ќе се обидат да ни вратат за овој пораз со поголема разлика. Ние Данците не само што ги победивме, ги надигравме во секој сегмент на играта.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни