Светски првенства
Митревски по ремито со Австрија: Се надевам дека ќе се опоравиме од настинките кои преовладуваат во тимот

Специјален известувач за „Дерби“ од Вараждин, Ристе Влахов
Македонија на драматичен начин се избори за бод во последните секунди и буквално со гол во последната секунда израмни на 29:29, резултат кој ни го носи првиот бод во втората фаза на Светското првенство.
Иако имавме шанси и за победа, Македонија на крајот мора да биде задоволна од завршницата во која добивме само четири секунди за последен напад, а херојскиот шут на капитенот Кузмановски за среќа заврши онаму кадешто требаше.
Задоволни од целиот епилог секако се и нашите ракометари, а еден од поискусните во тимот откри дека дополнителен проблем изминативе денови создаваат настинките кои се прошириле во нашиот тим.
– Извлековме реми, ова беше добар натпревар, многу израмнет во текот на 60-те минути. Се играше доста време гол за гол, тие дадоа гол на крајот, а ние израмнивме на четири стотинки пред крајот. Мислам дека овој епилог е најреален, – изјави Митревски.
– Во првото полувреме двапати водевме по три голови разлика, доколку го одржевме тоа подолго, можеше да се случи и да победиме. Во второто полувреме се влезе во драматични 10 минути, најчесто ние водевме со гол разлика, но на крајот поведоа тие, а ние израмнивме.
– Мора да бидеме задоволни, се надевам дека ќе се опоравиме и од настинките кои преовладуваат во тимот, а секако очекувам нов неизвесен меч против Катар. Мислам дека се слични на квалитет со Австрија, па очекувам неизвесен натпревар, – додаде македонскиот голман, кој за крај заклучи дека Македонија прави крупни чекори напред со оваа генерација.
– Одиме во нагорна линија и тоа е добро. Се развиваме како тим, овие момци веќе не се толку млади и неискусни. Знаат да играат на резултат, а понекогаш треба да имаме и повеќе среќа на моменти. Мислам дека на следното првенство ќе бидеме уште подобри, – заврши Митревски.
-
Лига на шампиони18 часа
Агуеро си игра со оган: Ако Реал го победи Сити…
-
Италија22 часа
Колина побара промена на едно важно пенал правило и привлече големо внимание во јавноста
-
Лига на шампиони16 часа
Гвардиола и Анчелоти одбраа: Валверде почнува како десен бек за Реал, Пеп изненади со изборот за играч за врска (ФОТО)
-
Франција24 часа
ПСЖ го издвои генијалниот потег на Кварацхелија: Елеганција во движење (Видео)
-
НБА23 часа
Нова убиствена комбинација: Дончиќ додава, ЛеБрон реализира (Видео)
-
Англија17 часа
Сколс за премиерлигашката ѕвезда: Тој треба да оди во подобар и поголем клуб од Арсенал
-
Лига на шампиони13 часа
Фуриозна кралска завршница: Реал со пресврт до голема победа на „Итихад“ (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони13 часа
Куртоа: Заслуживме да победиме, ова е духот…