Митревски: Одигравме добро во одбраната и во нападот

ehf nedela mitrevski shpaga 2017

Репрезентацијата на Македонија забележа две победи на контролните средби во Белград со тоа што многу поголема тежина има онаа над домаќинот Србија со 32-29.

Четата на Раул Гонзалес комплетно го надигра северниот сосед, а еден од играчите кој остави одличен впечаток беше голманот Никола Митревски кој собра 9 одбрани.

-Им се заблагодарувам на домаќините за гостопримството. Ние одигравме добро во одбрана и во напад. Задоволен сум од играта на нашата репрезентација. И посакувам среќа на Србија на ЕП, -истакна Митревски.

Facebook Коментари