Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Митревски немаше решение за ракометниот специјалитет на маестро Дибиров (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ehfcl

Порто го запиша и третиот пораз на третиот меч во новата сезона во Лигата на шампионите, овојпат на гостувањето во Хрватска кај ППД Загреб.

Првото полувреме донесе навистина израмнет нантпревар и во добар дел се играше гол за гол, па домашниот тим замина на пауза само со еден гол предност, 16:15.

Вторите 30 минути донесоа многу поразличен тек на настаните, по кој не помогнаа ниту неколкуте важни одбрани на Никола Митревски на голот на гостинскиот тим.

Македонскиот репрезентативец го заврши мечот со осум одбрани, но тоа беше недоволно за да се избегне нов пораз, вечерва изразен со резултат 29:23.

Во домашниот табор, несопирлив за Португалците беше доскорешниот вардарец Тимур Дибиров, бидејќи искусното руско крило постигна десет гола во мрежата на Митревски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни