Репрезентација
Митревски: Мораме да научиме една работа, оваа репрезентација има потенцијал…

Специјален известувач за „Дерби“ од Вараждин, Ристе Влахов
Македонија излезе како победник од пресметката со Катар на Светското првенство, победа од 39-34, победа во која свој придонес имаше искусниот Никола Митревски кој во изминативе денови се мачеше со вирус и висока температура.
Меѓутоа голманот на Еурофарм Пелистер е еден од лидерите, па со своето присутво на теренот даде дополнителна сигурност во вториот дел и овозможи да ја потврдиме оваа втора победа на Светското првенство.
-Пред се сакам да им честитам на сите играчи и стручниот штаб за одлично одработениот натпревар. Сите се заслужни за победата, ние сме тим, сите се подготвуваме заедно. Имавме разлика во второто полувреме која требаше да ја одржиме, ја зголемивме, па се намали. Ако во финишот бевме уште малку посериозни, ќе победевме поубедливо. Мора тоа да го научиме во иднина, да учиме од скандинавските репрезентации кои се најдобри во тоа, ќе те убијат во секое опуштање. Се надевам и против Франција ќе бидеме на нашете ниво, да се бориме до самиот крај.
-Катарците споро се враќаа назад, успеавме лесно да ги пробиеме. Имавме добро подготвена тактика за нивната одбрана. Чекор напред сме од претходните натпревари кои ги имавме, одиме чекор по чекор полека. Оваа репрезентација се уште има да учи, за да може да се носиме со оние најдобрите четири-пет селекции во светот. Има потенцијал, само со верба и работа може да се стигне на чекор од нив таму, за пример можеме да ја земеме една Португалија која игра одличен ракомет последниве години, не се ништо подобри од нас така да со тек на време и малку повеќе искуство на овие играчи ќе бидеме подобри на следните првенства, -порача Митревски.
-
Лига на шампиони17 часа
Агуеро си игра со оган: Ако Реал го победи Сити…
-
Лига на шампиони16 часа
Гвардиола и Анчелоти одбраа: Валверде почнува како десен бек за Реал, Пеп изненади со изборот за играч за врска (ФОТО)
-
Шпанија24 часа
Марсело играше со безброј ѕвезди во Реал, но останал посебно изненаден од еден соиграч: Не му се одземаше топката
-
Италија22 часа
Колина побара промена на едно важно пенал правило и привлече големо внимание во јавноста
-
Франција23 часа
ПСЖ го издвои генијалниот потег на Кварацхелија: Елеганција во движење (Видео)
-
НБА23 часа
Нова убиствена комбинација: Дончиќ додава, ЛеБрон реализира (Видео)
-
Англија17 часа
Сколс за премиерлигашката ѕвезда: Тој треба да оди во подобар и поголем клуб од Арсенал
-
Лига на шампиони13 часа
Фуриозна кралска завршница: Реал со пресврт до голема победа на „Итихад“ (ВИДЕО)