Поврзете се со нас

Свет

Митревски и Порто со пресврт до тешка победа во Португалија

Објавено

на

Составот на Порто за кого брани македонскиот репрезентативец Никола Митревски мораше добро да се испоти за да го задржи максималниот ефект во првата лига на Португалија.

На гостувањето кај Аванка клубот од Лисабон се избори за тесно славје од 30-29 и тоа со пресврт во второто полувреме. Домаќините се покажаа како тврд орев, па така првиот дел го добија со 15-13, но и храбро се бореа и во продолжението во кое сепак фавориот успеа да биде на повисоко ниво и се избори за посакуваниот резултат.

Митревски на голот забележа 7 интервенции или имаше 31 процент на одбранети удари, додека најефикасен беше Дејмаро со 7 голови. Порто сега има 12 од 12 во најсилниот португалски ракометен шампионат.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни