Поврзете се со нас

Свет

Митревски и Порто редат победи во Португалија

Објавено

на

Никола Митревски и неговиот Порто газат се пред себе во првата португалска лига, па така по најновата денешна победа имаат десет од десет и максимални 30 бода.

Најнова жртва на актуелниот шампион беше тимот на Боа Хора кој беше совладан на негов терен со 38-23. Се беше решено во првиот дел во кој гостите се изборија за двоцифрена предност (20-9) од 11 голови разлика.

Второто полувреме беше чиста рутина и во тој период само дополнително беше зголемено водството на фаворитот.

Оливеира и Круз со по 5 гола беа најдобри стрелци, додека Митревски имаше 8 интервенции или 36 проценти на одбранети удари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни