Поврзете се со нас

Свет

Митревски и Порто ја прегазија Боависта

Објавено

на

Тимот на Порто во рок од само неколку дена одигра уште еден натпревар од првата португалска лига, натпревар кој го реши со посакуваниот резултат и нови три бода.

Најдобриот португалски состав овојпат ја среди Боависта и тоа со 19 разлика (40-21). Домашните ракометари беа расположени за игра, за гол шоу и најдобар доказ за тоа се постигнатите погодоци во мрежата на противникот.

Коста со 10 голови од 11 обиди беше најефикасен играч кај Порто, клуб за кој нашиот репрезентативец Никола Митревски запиша пет одбрани.

Митревски и компанија досега се непогрешливи во Португалија и имаат 14 од 14 во домашниот шампионат.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни