Поврзете се со нас

Свет

Митревски и Порто ја потврдија двојната круна со триумф во португалскиот куп

Објавено

на

Никола Митревски и неговите соиграчи од Порто денеска ја совладаа Бенфика со 31:27 и го освоија трофејот во португалскиот ракометен куп.

Дербито донесе неверојатен број исклучувања поради специфичниот судиски критериум, а откако Порто на полувреме водеше со 16:14, не само што не ја испушти, туку и ја зголеми предноста во второто полувреме.

Гомеш со 7 и Итуриза со 6 голови биле најефикасни во победничката екипа, а ракометарите на Порто му го посветија и овој трофеј на Алфредо Кинтана кој почина откако имаше срцев удар пред неколку месеци.

Во редовите на Бенфика, Ѓорѓиќ погодил дури 11 пати, додека Морено го завршил натпреварот со 6 голови.

Порто на овој начин ја освои двојната круна сезонава и стигна до деветтиот трофеј во националниот куп.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни