Лига на шампиони
Митревски и Порто го предизвикаа ПСЖ, но потклекнаа во второто полувреме

Никола Митревски и Порто го освоија првиот бод во Лигата на шампионите на мечот против Магдебург пред шест дена, но вечерва немаа сили за сензација против фаворизираниот ПСЖ.
Португалскиот тим беше одличен во првото полувреме и на пауза замина со предност од 17:16, отвори со гол и на стартот на вториот дел, но потоа не успеа да го одржи ова темпо и потклекна некаде на средината околу 40-та минута.
ПСЖ се врати и отиде на плус пет голови разлика, по што на крајот мечот рутински го доведе до мирна завршница и победи со 33:35 на гостувањето во Португалија.
Порто и натаму останува единствен тим без остварена победа оваа сезона во Лигата на шампионите и новиот биланс гласи осум порази и едно реми на девет одиграни меча.
Митревски повторно беше на ниво и мечот го заврши со девет успешни одбрани, но сепак тоа не се покажа како доволно за изненадување против „светците“.
-
Англијапред 11 часа
Мудрик ужасен во вториот натпревар за Челси, публиката го поздрави со свирежи
-
Италијапред 20 часа
Алегри полуде по потегот на Ди Марија во самата завршница против Лацио (ВИДЕО)
-
НБАпред 23 часа
Се е подготвено за НБА спектакл: Познати се и резервите за Ол-стар мечот во Солт Лејк Сити (ФОТО)
-
Светски првенствапред 20 часа
Коло Муани се уште го сонува зицерот против Аргентина: Можев да го лобувам Мартинез, да му додадам на Мбапе…(ВИДЕО)
-
Светпред 16 часа
Роналдо беснееше по промашените зицери, па конечно погоди од пенал (Видео)
-
Англијапред 23 часа
Нуњез ги откри советите на Клоп и призна: Не играм добро!!!
-
Италијапред 23 часа
Алегри: Поставивме добра основа да се вратиме на вистинскиот пат
-
АТПпред 22 часа
На чекор до ново финале: Ивановски го суреди и осмиот носител во Монастир