Поврзете се со нас

Свет

Митревски и Порто добија уште едно големо дерби во Португалија

Објавено

на

Порто на нашиот Никола Митревски нанижа уште една победа во домашниот шампионат, единаесетта во низа и тоа против уште еден ривал за самиот врв и титулата.

Минатата седмица Порто славеше над Спортинг додека пак денеска го доби составот на Бенфика со 27-25. Домаќините двете полувремиња ги реализираа со минимален резултат, водство, па така првото заврши со 15-14, второто со 12-11 што беше сосема доволно за славје против градскиот ривал.

Митревски беше во втор план на оваа средба и имаше само еден неуспешен обид за интеревенција или поточно шанса доби Алфредо Браво кој собра 8 одбрани.

Тимот на Порто е единствениот без пораз и со максимален учинок во лигата (11/11), но во моментов е на третата позиција затоа што Спортинг и Бенфика имаат по еден бод повеќе, но и еден натпревар повеќе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни