Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Митревски го шокираше Канељас со нестварна одбрана, коментаторот на ЕХФ во транс: Што беше ова (Видео)

Објавено

на

Никола Митревски имаше ноќ за паметење на мечот меѓу Порто и Пик Сегед, бидејќи изрежира блескаво издание во големата победа која ја оствари неговиот тим.

Пик Сегед и натаму има огромни проблеми со заразени ракометари, но тоа нималку не ја намалува заслугата на играчите на Порто, а особено онаа на Митревски кој едноставно блескаше и го „маѓепса“ својот гол.

Порто на крајот победи на домашен терен со 25:19, а играч на мечот без никаков сомнеж беше македонскиот репрезентативен голман кој имаше речиси 47 проценти успешни одбрани.

Од 32 испратени удари кон неговиот гол, Митревски забележа 15 интеревенции, но една беше спектакуларна и без никаков сомнеж ќе биде прва кандидат за одбрана на колото во Лигата на шампионите.

Македонскиот голман полета и му одбрани зицер на Канељас, па покрај тоа што доби искрена честита од искусниот Шпанец, Митревски го фрли во транс коментаторот на ЕХФ, Крис О’Рајли кој ја проследи одбраната со зборовите „што беше ова“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни