Поврзете се со нас

Свет

Митревски го продолжи договорот со Порто

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец Никола Митревски стави потпис на нов договор со Порто и ќе настапува за португалскиот состав уште две сезони.

Митревски важи за еден од најдобрите голмани во Европа и Лигата на шампионите, па затоа и Порто реши да го задржи во своите редови играчот кој дојде во клубот во 2020 година и веќе има две шампионски титули во Португалија.

– Задоволство е да се биде дел од Порто, среќен сум што го продолжив договорот со екипата.

– Освоивме речиси се во Португалија, загубивме само еден натпревар последните две сезони, а два пати ја поминавме и групната фаза на Лигата на шампионите. Годинава имавме тешка група, три од четири учесници на фајнл-фор турнирот беа од нашата група.

– Постигнавме одлични резултати, победувавме против поголеми клубови и посакувам да продолжиме во ист стил, – изјавил Митревски за официјалната интернет страница на Порто.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни