Поврзете се со нас

Европски првенства

Митревски ги наброја трите клучни причини за поразот од Црна Гора

Објавено

на

За „Дерби“ од Унгарија,
Ристе Влахов

Никола Митревски имаше извонредно второ полувреме на индивидулен план и им даваше шанса на своите соиграчи да се вратат во игра, но сепак не можеше сам да се бори против расположените Црногорци, но и огромниот број технички грешки во нападот.

Митревски доби зелено светло за настап во последен момент од страна на ЕХФ и беше големо засилување за тимот, а иако тоа го докажа на теренот, сепак никако не може да биде задоволен од прикажаната слика на тимот.

Ако јавноста имаше позитивен впечаток по првиот пораз од Словенија, сега ситуацијата е далеку поинаква и за тоа се свесни самите ракометари, бидејќи пред натпреварот со Црна Гора ја прифатија фаворитската улога.

На крајот, тоа не го оправдаа на теренот и селекторот Кирил Лазаров нагласи дека главна причина за тоа е психолошкиот пад, додека Митревски наброја три работи поради кои Црногорците ја заслужиле победата.

– Честитки за црногорскиот тим за остварената победа која е заслужена. Тие беа подобри, помотивирани и поагресивни од нас. Тоа беа трите работи во кои ни потфрливме и тоа е причината поради која загубивме денеска, – кратко изјави Митревски на пресот по средбата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни