Митревски е нов член на Хапоел Хаифа

risto mitrevski

Македонскиот интернационалец, Ристо Митревски ќе ја продолжи својата кариера во израелскиот шампионат во редовите на прволигашот Хапоел Хаифа.

Тој со второпласираната екипа на табелата договори соработка до крајот на актуелнава кампања со опција договорот да може да биде продолжен за уште една година ако двете страни бидат задоволни. Во новата средина Ристо доаѓа од Истра од Пула, а претходно во кариерата го носеше дресот на Металург, Доњи Срем, Сараево, Тетекс, Напредок, Победа и Работнички.

Facebook Коментари