Репрезентација
Митревски: Детали ни фалеа да играме во четвртфиналето

Специјален известувач за „Дерби“ од Вараждин, Ристе Влахов
Македонија со чесен пораз од Франција од 32:25 го заврши настапот на Светското првенство кое се одржува во Хрватска, Данска и Норвешка.
Ова беше меч кој може да послужи како добро искуство за во иднина против селекција која е на врвот на светскиот ракомет, селекција која брка злато на турнирот. Голманот Никола Митревски беше еден од нашите најдобри поединец и забележа двоцифрен број на одбрани.
-Ако ги иземеме Франција и Данска, против секој друг противник би имале поголеми шанси. Знаеме дека Франција и Данска се најголеми претенденти за светската круна. Се обидовме да одиграме без разлика на тоа што тие немаа некој императив за победа, но таков тип на играчи никогаш не се опуштаат, трчаа, се бореа без разлика на тоа што веќе го имаа обезбедено пласманот во четвртфиналето. Одигравме солиден натпревар, секоја наша грешка знаеја да ја искористат, мораме ние тоа да го научиме за воо иднина, -рече Митревски кој е оптимист и верува во потенцијалот што го има новата генерација.
-Имавме време да се одмориме по секој натпревар, имавме слободен ден. Можеби го кренавме нивото, но видовме на овој турнир, детали ни фалеа да играме во четвртфиналето. Ако ги добиевме двата нерешени натпревари сега ќе бевме во четвртфинале и овој меч ќе беше за прво место, ама тоа е нешто што мораме да го научиме како играчи, да веруваме и да се бориме против секого, видовме тука дека можеме против секого, -порача Митревски.
-
НБА20 часа
Хиро најдобар „тројкаш“ во Сан Франциско, Вембенјама и Пол си поиграа со Ол-стар правилата и добија дисквалификација (Видео)
-
Шпанија14 часа
Белингам испрати нова порака за вчерашното исклучување и им се извини на соиграчите
-
Шпанија18 часа
Белингам „падна во замката“ за која Роналдо предупреди уште во 2018. година (Видео)
-
Италија16 часа
Фабрегас има „бисер“ во својот тим: Мајсторијата на Нико Паз го „смрзна“ Де Хеа (Видео)
-
НБА21 час
Ол-стар лудорија: МекЛанг го направи незамисливото и испиша НБА историја (Видео)
-
Шпанија21 час
Анчелоти: Се случија многу чудни работи на последните три натпревари…..
-
АТП15 часа
Вавринка разочаран од одлуката за Синер, екс шпански тенисер застана во одбрана на Италијанецот
-
Италија10 часа
Рома победи со мајсторски слободен удар, Сузуки ја имаше одбраната на сезоната (ВИДЕО)