Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Митревски човек за пресврт, Порто преку драма до славје во Словенија (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Порто за која настапува македонскиот репрезентативец, Никола Митревски ја запиша втората победа во Лигата на шампионите и тоа откако на драматичен начин успеа да слави во Словенија кај Целје.

Португалскиот претставник беше во подредена улога во најголемиот дел од мечот, во еден момент губеше и со девет разлија, но беше упорен, борбен до самиот крај и со пресврт избори триумф од 30-29.

Еден од најважните играчи за ова „чудо“ беше токму нашиот Митревски кој по влегувањето во игра го промени текот на натпреварот, забележа 4 интервенции при 9 удари на противникот, поточно имаше 44 проценти на одбранети удари и сосема заслужено се најде во фокусот на ЕХФ.

Најефикасен пак беше Бранкињо со 6 гола, додека за Целје залудни беа 9 гола на Јанц.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни