Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Митревски брилјираше на стартот против Веспрем, но не успеа да спречи пораз за Порто

Објавено

на

Foto:twitter.com/ehfcl

Целје оствари сензационална победа над Кил во Лигата на шампионите, но Веспрем и ПСЖ не дозволија нови изненадувања во вечерните натпревари во најелитното натпреварување.

Унгарскиот великан покажа голем квалитет на дуелот против Порто и Никола Митревски и неговите соиграчи беа инфериорни во овој дуел, иако се обидуваа да парираат и постојано да останат во чекор со фаворитот.

Португалците загубија на домашен терен со 28:35, а за жал не помогнаа ниту осумте интервенции на Митревски, кој одлично го почна натпреварот во првото полувреме.

Нерешлива енигма за дефанзивата на Порто беше Петар Ненадиќ со осум погодоци, додека најефикасен кај домаќините беше Турин со шест погодоци зад своето име.

Во мечот со кој беше заокружена денешната програма во Лигата на шампионите, ПСЖ на домашен терен беше подобар од Висла со 37:33.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни