Поврзете се со нас

Свет

Митревски брилијантен во победата на Порто

Објавено

на

Тимот на Порто ја продолжи победничката серија во Португалија, а во тоа значајна улога имаше македонскиот репрезентативец Никола Митревски.

Порто без проблеми славеше на гостувањето кај Мадеира со 29-22, средба во која Митревски блескаше и имаше дури 57 проценти на одбранети удари. Нашиот голман имаше 11 интервенции при 19 удари додека беше на голот на клубот од Лисабон што значи дека извонредно си ја заврши својата задача.

Кога е во прашање листата на стрелци, Магалаеш со 5 беше најефикасен. Кај домаќините исто толку даде Елиаш.

Порто има шест од шест во првенството, учинок кој го имаат и големите ривали Бенфика и Спортинг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни