Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Митревски бранеше кога е најпотребно, Порто со голема победа над Флензбург

Објавено

на

Порто имаше негатива од три гола на пет минути до крајот на дуелот со Флензбург, но Никола Митревски и неговите соиграчи најдоа сили за пресврт и победа од 28:27 во интересен дуел од Лигата на шампионите.

Португалскиот состав водеше со 13:12 на полувреме, но Флензбург го покажа својот потенцијал во вториот дел, кога неколку пати стигнуваше до плус три, а последен пат и до 55. минута од средбата.

При резултат 24:27 започна серијата на Порто, во која домаќините направија 4:0 и стигнаа до значајна победа во најелитното натпреварување, а Митревски во најважните моменти се разбрани и му помогна на својот тим.

Митревски го заврши натпреварот со 6 одбрани од 13 упатени удари додека тој беше на голот на Порто, а неговиот колега Себастијан Френдсен го заврши натпреварот со 10 одбрани. Салина со 6 голови ги предводеше стрелците кај Порто, додека во редовите на Флензбург, Ване стигна до 8 погодоци.

За Порто и Митревски ова е прва победа по две кола, додека Флензбург е на дното на групата без ниту една победа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни