Поврзете се со нас

Репрезентација

Митрашиновиќ: Покажавме дека можеме да играме со секоја репрезентација, не се плашиме од  никого

Објавено

на

Женската кошаркарска репрезентација претрпе два порази на квалификацискиот турнир во Рига, но на двете средби против Хрватска и Гермнија покажа квалитетна, борбена игра и дека повеќе не е лесен залак, „топовско месо“ за противниците како што беше во минатото.

Овие партии донесоа оптимизам во нашиот табор дека во блиска иднина добрата работа ќе биде наградена и ќе можеме да оствариме и некоја победа до крајот на квалификациите.

-Секако, со два пораза не можеме да бидеме задоволни, но со доста подмладен состав лично јас, но и останатите девојки сме среќни што прикажавме сосема друга слика во однос на претходниот прозорец. Покажавме дека можеме да играме со секоја репрезентација, и дека не се плашиме од  никого, -вели Анџелика Митрашиновиќ која смета дека со Јелена Антиќ и Александра Стојановска кои во овој период беа недостапни националниот тим ќе биде на уште повисоко ниво.

-Кога ќе се вратат Јелена Антиќ и Александра Стојановска ќе имаме уште подобра слика и поголеми очекувања. Морам да признаам дека со доаѓањето на Девана Бонер, пред сè како личност, и како играч, значи многу  за секоја од нас. Не се откажуваме. Се надевам дека во февруари со Јелена и со Александра во тимот ќе се избориме за две победи и ќе го вратиме респектот кон нас како една сериозна репрезентација, -порача Митрашиновиќ која против Германија даде 30 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни