Митков во поинаква улога во Загреб: Потешко е кога се гледа од трибина (Фото)

mitkov pred skokshut vs chile

Од Загреб за „Дерби“,
Александар Табаковски

Влатко Митков долго беше член на македонската ракометна репрезентација, но по СП во Франција, реши да се збогува со националниот тим по 92 настапи и да им се посвети на клупските обврски.

Тоа не е пречка за Митков да присуствува на Европското првенство во Хрватска, па тој од трибините им даваше поддршка на избраниците на Раул Гонзалес уште на мечот против Словенија.

– Многу е потешко кога се гледа од трибина, – истакна Митков за „Дерби“, нагласувајќи го фактот што не е сеедно да се најде во ситуација кога не може да им помогне на довчерашните колеги од националниот тим.

vlatko mitkov na tribini vs slovenija

Facebook Коментари