Митков со свој печат во победата на Брегенц

Mitkov-pogodok

Брегенц го победи Грац пред своите фанови со 25:22 во денешниот натпревар од австриското првенство, а овој триумф доаѓа во вистински момент откако тимот на нашиот Влатко Митков доживеа пораз во рамките на ЕХФ купот.

Митков и соиграчите на полувреме водеа со 15:13 и таа предност ја задржаа до крајот на средбата, со што стигнаа до втората победа сезонава во домашниот шампионат.

Нашиот интернационалец постигнал 5 голови, а во составот на Брегенц поефикасен од него бил само Јуриќ-Гргиќ со 6 реализирани погодоци.

Facebook Коментари