Митков „распука“ по Ферлах

mitkov

Искусниот македонски бек, Влатко Митков одигра уште еден квалитетен меч во австрискиот шампионат во дресот на Брегенц.

Поранешниот македонски репрезентативец беше прв стрелец и постигна осум голови од десет обиди, плус забележа три асистенции на пресметката со Ферлах, но за жал оваа неговата партија не беше доволно за позитивен резултат или поточно составот на Брегенц загуби со 26-25.

Решаваа нијанси кои беа во корист на домаќинот во чии редови Мујановиќ постигна осум голови од 11 обиди. Во следната рунда Влатко и компанија се домаќините на Кремс.

Facebook Коментари