Митков расположен, Кремс рутински до нова победа

vlatko-krems

Македонскиот интернационалец, Влатко Митков со неговите колеги од Кремс ја оправаа улогата на фаворити и вечерва пред своите гледачи го совладааа тимот на Ферлах со 37-26 во 15. коло во Австрија.

Поранешниот македонски репрезентативец беше еден од најдобрите на теренот и постигна седум погодоци, поефикасен од него беше неговиот соиграч Шопф со 11 голови со тоа што пет од нив ги даде од линијата од седум метри.

Кај гостите прво име беше Мујановиќ со 10 погодоци.

Крем со 19 бодови е на третото место на табелата.

Facebook Коментари